Перо Антиќ: Не размислувам за оставка, не може да влеземе на терен да играме место нив 

Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ), Перо Антиќ, не се чувствува виновен за неуспехот на репрезентацијата да се пласира на Евробаскетот 2022 година.
На квалификациите за пласман на ЕП, Македонија го освои последното место во групата, а првиот човек на КФСМ изјави дека не размислува да си поднесе оставка бидејќи на репрезентативците им биле обезбедени максимални услови.

Не размислувам за оставка. Резултатот останува на играчите, не може да влеземе на терен да играме место нив – изјави Антиќ на денешната прес конференција.

Спортскиот директор Тодор Гечевски истака дека чувствата по завршувањето на квалификациите се помешани, како и дека нема донесено никаква одлука за иднината на селекторот Александар Тодоров.
– Нема конкретен став, извештајот не е доставен. Откако ќе го достави извештајот, ќе свикаме стручен совет, по што ќе биде одлучено дали ќе се продолжи договорот. И кај нас се поделени чувствата со овие квалификации. Видовме сите дека мечот со Естонија кој го игравме овде во СЦ „Борис Трајковски“ излезе клучен за овие квалификации, иако во Русија момците покажаа карактер, тимска игра, јас сум горд на нив. Само против Русија не бевме блиску до победата, најверојатно неискуството и невоиграноста беа пресудни да не се пласираме. Останува да продолжиме да работиме со младите, да организираме семинари за нашите тренери, во претквалификации за СП да се покажеме во подобро светло – изјави Гечевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот