Перо Антиќ и Саша Богдановиќ донираа за србите на Косово (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Донацијата за нов дом за најбројното, дванесетчлено семејство Савиќ од селото Коретиште, во близина на Гнилане, Косово, се одржа вчера во организација на хуманитарните организации „Срби за Срби“ и „Спона“. На настанот помеѓу останатите присуствуваа и македонскиот кошаркарски ас и претседател на Кошаркарската федерација на Северна Македонија, Перо Антиќ, како и градоначалникот на општина центар, Саша Богдановиќ.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Во јуни годинава, Перо Антиќ присуствувал и на донаторската вечера во Белград, кога се собирале средства за изградба на куќата на загрозеното семејство Савиќ. Антиќ бил воодушевен од реализацијата на проектот, а воедно и прв пат престојувал на Косово. Во донаторската акција финансиска помош овозможил и Саша Богдановиќ, кој првпат донираше на Косово во 2017 година за хуманитарната акција „Подари радост“.

Домаќинот, педесетгодишниот Предраг Савиќ, татко на осум деца, не можел да ги сокрие задоволството и среќата за новиот дом, кој ќе им обезбеди достоинствен живот. Семејството опстојува со приходи од една минимална плата, а до вчера живееле во урнатина.

Фото: Принскрин / Инстраграм

Перо Антиќ сподели фотографии од посетата на својот инста-профил и порача „Ова е прекрасна инспирација да се направи истото и во нашата прекрасна Македонија“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот