Перишиќ: За дигитализацијата многу e важна соработката на локалната со централната власт

Душица Перишиќ, Фото: Архива

Дигитализацијата е битна не само за локалната самоуправа туку и за сите во државава, изјави Душица Перишиќ, извршна директорка на ЗЕЛС, на третиот од серијата јавни настани „Дигитални предизвици за општествена трансформација“, oрганизиран од страна на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) и фондацијата „Фридрих Науман“.

– Сметам дека донаторите тука не се клучни во целиот процес на дигитализацијата, многу поважна е соработката на локалната со централната власт. Потребна е волја внатре во власта. Ѝ предложивме на Владата проект кој се однесува на издавање деинтегрирани дозволи и сакавме истиот да го направиме тотално дигитален. На тогашниот министер му кажавме дека е потребно во законот да се напише дека дозволите ќе се издаваат електронски. Знаете колку се издадени електронски дозволи од тогаш? Нула. Значи мора да се има концепт, оцени Перишиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот