Перишиќ не отпатува со Интер, оди на позајмица!

twitter.com/TalkingWolves

Се очекува Перишиќ да се пресели во германскиот шампион за пет милиони евра со можност на крајот од сезоната да биде откупен за 20 милиони евра.

Ова лето Баерн го бркаше членот на Манчестер сити, Лерој Сане, но неговата сериозна повреда ги промени плановите и следуваше брза реакција.

Перишиќ и претходно настапувал во Бундес лигата, поточно Борусија Дортмунд (42 натпревари, девет голови) и Волфсбург (70 мечеви, 18 погодоци).

Хрватот не се најде во составот на „неро-аѕурите“ за пријателскиот меч против Валенсија, а истиот ќе го пропушти и Жоао Марио.

За Жоао Марио се шпекулира дека има интерес од Монако, додека претходно се поврзуваше со трансфер Вулверхемптон и Брајтон, но нивните обиди беа неуспешни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот