Перишиќ: Македонските општини се најсиромашни во Европа, а можеби и пошироко

Нашите општини се ставени на маргини и затоа имаат најмали буџети, изјави во утринската емисија „Утрински брифинг“, Перишиќ.

Нова фаза на децентрализација. Без пари нема демократизација на општеството на локално ниво, рече Душица Перишиќ, претседател на ЗЕЛС во утринската емисија „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“.

– Идеите се различни. Минатата година во јуни, Управниот одбор на ЗЕЛС имаше состанок со премиерот и со неговите советници каде ги изложивме нашите барања. Имаме систематизирани ставови врз чива база се формираше работна група составена од преставници од Влада и преставници од ЗЕЛС, кое требаше да ги разработи правците на понатамошна децентрализација- рече Душица Перишиќ претседател на ЗЕЛС, во врска со процесот на неформалната финансиска децентрализација да се канализира и правците како тоа да се одвива.

– Фактите покажуваат дека македонските општини се најсиромашни во Европа, а можеби и пошироко и заради тоа мислевме дека е важно финансиско зајакнување за да се преземат нови надлежности како и завршување на веќе преземените. Едно од основните барања на ЗЕЛС е 10 проценти од ДДВ да се одвојат на општините кои во моментов добиваат 4,5%. Второто барање е најмалку 50 проценти од персоналниот данок да оди во општините, а во моментов општините добиваат само 3 отсто. Само за пример – еден Загреб зема 80 отсто од персоналниот данок. Во Србија има 50 до 60 проценти. Значи нашите општини се ставени на маргини и затоа имаат најмали буџети, изјави во утринската емисија „Утрински брифинг“, Перишиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот