Перишиќ и официјално нов фудбалер на Баерн

Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ и официјално е нов фудбалер на германскиот шампион, Баерн Минхен. Перишиќ во редовите на германскиот клуб доаѓа на едногодишна позајмица која го чинеше тимот пет милиони евра, а Баерн на крајот од сезоната ќе може да го откупи договорот за сума од 20 милиони евра.

Перишиќ од 2015 година е член на Интер, но со доаѓањето на Антонио Конте на тренерската клупа, го загуби местото во првиот тим по што одлучи да се врати во Бундес лигата. Претходно Перишиќ од 2011 до 2013 година настапуваше за Борусија Дортмунд, а потоа две години мина и во редовите на Волфсбург.

– Среќен сум што се враќам во Германија, Баерн е еден од најголемите светски клубови и мило ми е што сум дел од него. Сакам со Баерн да триумфирам не само во Бундес лигата, туку и во Лигата на шампионите – изјави Перишиќ на официјалната промоција како најново засилување за германскиот тим.

Хрватот во Минхен дојде откако претходно на баварците им пропадна трансферот на Лерој Сане од Манчестер сити. Сане на последниот контролен натпревар за „граѓаните“ заработи повреда на вкрстените лигаменти на коленото по што пропадна трансферот во Баерн вреден 100 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот