Периќ: Заслуживме најмалку еден бод

фото. Е. Пелистер

Екипата на Еурофарм Пелистер со минимален пораз ги започна настапите во ракометната Лига на Европа. Битолчани загубиј ан гостувањето кај Гудме со 30:29 и тоа со гол во последната минута.

Јосип Периќ кој пристигна од германски Гепинген смета дека Е. Пелистер заслужи најмалку бод, а не да загуби.

Среќен сум што пак играме ракомет, но и тажен заради поразот. Ја почитувавме тактиката да играме бавно, да ги забавиме домаќините и заслуживме да освоиме барем бод. Но, ова е само почеток и верувам дека ќе имаме уште многу можности – изјави Периќ.
Следниот натпревар на Е. Пелистер во Лиагта на Европа и на 17. ноември кога во Битола го пречекуваат швајцарскиот Кадетен Шафхаузен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот