Периќ избрана за нов судија во Врховниот суд

На денешната седница на Судскиот совет, членовите едногласно ја избраа Цветанка Периќ, која била и прва на ранг листата од 4 пријавени кандидати.

Покрај тоа, на седницата на дневен ред е и разрешување на претседател на суд, а според извори од судот станува збор за претседателот на Врховен суд, Јово Вангеловски.

Претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев, во изјава дадена пред седницата, не сакаше да прецизира дали ќе се расправаат за разрешување на Вангеловски, бидејќи овие точки се затворени за јавност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот