19.8 C
Скопје

Периќ: Данскиот ГОГ Гудме игра поразличен ракомет од Татабања

Со двете победи за два дена во Битола над унгарската Татабања, екипата на Еурофарм Пелистер направен значаен чекор за пласман во следната фаза во Лига Европа.

Нов предизвик во ова натпреварување за играчите на тренерот Жељко Бабиќ е данскиот состав на ГОГ Гудме со кој ќе ги одмерат силите во вторник во салата „Боро Чурлевски“ со почеток од 20.45 часот.

Босанскиот плејмејкер на битолчани, Јосип Периќ вели дека противникот игра многу поразличен ракомет од Татабања.

– По овие две победи мислам дека ќе ни биде многу полесно да го одиграме овој натпревар против ГОГ Гудме. Данците играат многу поразличен ракомет од Татабања. Од првиот натпревар во Данска одигравме многу повеќе натпревари, се запознавме подобро, имаме и некои нови играчи и верувам дека ќе биде поквалитетен дуел од првиот. Секако дека имаме квалитетни играчи кои не добија голема минутажа досега, но веќе покажаа дека на нив треба да се смета и можат да издвојат свој учинок во екипата.

Играч како Мортен Олсен додава дополнителна снага на младата екипа на ГОГ Гудме. Тој е искусен играч, има завидна биографија и ќе му даде нова нијанса на тимот и ќе бидат поквалитетни со него во тимот. Ние играме поразличен ракомет од нив. Нашиот стил се базира повеќе на одбрана, а тие се млади и негуваат брз ракомет. Ќе се обидеме да ги успориме и да ги победиме – се зборовите на Периќ пред мечот со ГОГ Гудме.

Потсетување дека на првиот меѓусебен меч во Данска составот на Бабиќ загуби минимално со 30:29, иако во поголем дел од тој дуел константно имаше предност од еден-два голови разлика. На табелата во групата „Д“ води Рајн Некар со 11 бодови, пред ГОГ кој има осум, а третопласиран е Еурофарм Пелистер (седум).

Поврзани вести

Франција има една победа на ЕП, но и натаму е најголем фаворит за шампионската титула!

Слободен печат

Класика на „Вембли“: Ги дознавме сите осминафинални двојки на Европското првенство!

Слободен печат

ВИДЕО: Германија „преживеа“ во Минхен, Роналдо е синоним за рекорди!

Слободен печат

Клуб од шпанската „Ла Лига“ со интерес за Дарко Велковски!?

Слободен печат

Ја победија само Македонија – Украинците се најголемите „среќници“ на Евро 2020!

Слободен печат

ВИДЕО: Ѓоковиќ „гази“ и во двојки, крај за првите носители на турнирот во Мајорка!

Слободен печат

Остави Коментар