Пери: Трамп е избран од Господ да ја води Америка

Претседателот Доналд Трамп „е избран од Господ да ја води Америка”, изјави Рик Пери, министер за енергетика на САД во заминување, во интервју за „Фокс њуз”.

Пери, поранешен гувернер на Тексас и ривал на Трамп во предизборната трка за претседателски кандидат од републиканците, се повика на ликови од Стариот Завет во потврда на својот исказ, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

– Во историјата, Господ им даваше улоги на несовршени луѓе. Кралот Давид, Саул или Соломон сите беа несовршени. Тој потврди дека водел разговор со Трамп во кој го нарекол претседателот „избраник” и дека „Господ има план за луѓето кои владеат и судат со светот и со власта”.

Пери, кој е во центарот на истрагата за импичмент на претседателот поради условувањето на Украина, не е единствен следбеник кој го рамни претседателствувањето на Трамп со религија.

И останати високи официјални лица досега го имаат воздигнувано претседателот како „избраник на Бог”. Тоа еднаш го потврди и државниот секретар Мајк Помпео, како и Сара Сандерс, поранешен портпарол на Белата куќа.

Менаџерот на изборната кампања на Трамп, Бред Парскејл неодамна изјави дека „само Бог може да испрати таков спасител на нашата нација”.

Многумина коментатори, вклучувајќи ја и Ана Наваро Карденас, републикански стратег, укажуваат дека поддршката што до Трамп доаѓа од некои републиканци се повеќе наликува на религиозен култ, отколку на демократска партија.

Според Стивен Хаса, експерт за религии и култови, базата на поддршката на Трамп се култивира во култ. Тој ја истакна потребата од контакти со надворешниот свет надвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот