Перформанс и предавање на уметницата Дилејн Ле Бас ќе се одржи во МСУ – Скопје

Дилејн Ле Бас

Во Музејот на современата уметност – Скопје на 1 февруари, со почеток во 20 часот, предавање и перформанс ќе одржи британската уметница Дилејн Ле Бас. Разговорот со неа ќе го води уметникот Никола Узуновски.

Перформансот се однесува на уметничка практика на Ле Бас, претставена преку проектот„Архивата на Куќата“. Настанот се организира со финансиска поддршка на Британската Амбасада во Скопје.

Неколку нејзини уметнички дела се составен дел од веќе отворената изложба „Сѐ што ни е заедничко“, во МСУ – Скопје, која е реализирана во рамки на проектот „Манифеста 14, Приштина – Западен Балкан“.

Дилејн Ле Бас е британска уметница на вкрстени дисциплини и создава инсталации, перформанси, фотографии и филмови. Таа е една од шеснаесетте уметници кои се дел од „Изгубениот рај“, Првиот ромски павилјон на Биеналето во Венеција од 2007 година.

Дилејн Ле Бас – дело „Универзална декларација за човековите права“

Нејзините дела се вклучени во Биеналето во Венеција од 2007 година, Биеналето во Прага 2005 и 2007 година, Биеналето Гвангју во 2012 година, Националната галерија на уметност Зачета 2013 година, Музејот на современа уметност Вроцлав 2014 година, третото издание на проектното биенале за современа уметност „D-O Арк Андерграунд“ Босна и Херцеговина 2015 година, Биеналето „Оф“, Будимпешта 2015 година, Проширено меѓународно биенале за современа уметност во Гетеборг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот