Перез: „Суперлигата“ не пропадна, луѓето сакаат да го гледаат Манчестер јунајтед, а не Рома!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез/Фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

– Направивме обврзувачки договор со сите 12 екипи и никој не може да си замине. Суперлигата продолжува – уверува претседателот на Реал.

Два-три дена Европа се тресеше. Идејата за формирање на Суперлигата наиде на револт кај целиот стар континент, медиумите, навивачите, поранешните фудбалери…Следуваа заканите од УЕФА, како и протестите на навивачите, англиските клубови ја напуштија „Лигата на богатите“.

Во Англија, приказните за Суперлигата стивнаа, но од Шпанија полека доаѓаат предупредувања дека идејата е сè уште жива. Пред четири дена, првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта, зборуваше за тоа, а сега зборуваше и претседателот на Суперлигата и Реал Мадрид, Флорентино Перез. И тој тврди – Суперлигата ќе продолжи.

– Направивме обврзувачки договор со сите 12 екипи и никој не може да замине. Суперлигата продолжува. Ништо не пропадна. Работиме две години. Кога излеговме со планот, УЕФА ни се закани и англиските тимови излегоа од проектот. Ја чекаме судската одлука во Луксембург. Напротив, Суперлигата не е затворена. Побаравме да се укинат ограничувањата наметнати на Англичаните – рече Перез во интервјуто за „Ел Транзистор“.

Потсетува претседателот на Реал Мадрид на промените што ги претрпе фудбалот во текот на својата историја и подобрувањето што тие го донесоа. Тој уверува дека истото ќе се случи и со Суперлигата, иако уште еднаш ја потенцира важноста на финансискиот аспект.

– Ние создадовме нешто што се нарекува Суперлига од принципите што ги објаснивме. Ние сакаме да им дадеме фудбал на навивачите. Не можеме да започнеме со фактот дека сите сме еднакви. Натпреварите во групната фаза од Лигата на шампионите едвај се следат. Рејтингот добива само повисоко во четвртфиналето, полуфиналето и финалето. Публиката станува сè помала и ќе мора да започнеме од клубови кои имаат повеќе навивачи. Натпреварите на Рома не се гледани како натпреварите на Јунајтед – додава Перез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот