Перез смисли нов план за „кралска“ доминација, во наредните две години пристигнуваат четворица „галактикоси“,

EPA-EFE/FERNANDO ALVARADO

Претседателот на Реал Мадрид сака неговиот тим да доминира и во наредната деценија.

Реал Мадрид, односно неговиот претседател Флорентино Перез направи план од кој нема намера да отстапи и со кој сака неговиот тим да биде доминантен и во наредната деценија.

Реал веќе го продаде Ашраф Хакими на Интер, а се планира продажба на уште неколку фудбалери како, Борха Мајорал, Лука Јовиќ, Регулион, Дани Себаљос, Хамес Родригез…

Најголем проблем на Перез и тренерот Зинедин Зидан им претставува Герет Бејл кого не можат да го продадат бидејќи Велшанецот има намера да го одработи договорот до крај.

Според планот на Перез, Реал Мадрид во наредните две години ќе купи четири „галактикоси“ и тоа најверојатно најдобрите млади фудбалери на светот.

Беноа Бадиашил. EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Според весникот „АС“ првиот ќе пристигне уште ова лето, тоа е Беноа Бадиашил од Монако. Тренерот Зидан инсистира Перез да му донесе млад дефанзивец кој ќе може да игра во наредната деценија во тандем со Рафаел Варан и изборот падна на Бадиашил чија цена е 40 милиони евра. Оваа сума нема да претставува проблем за Реал Мадрид и се очекува Бадиашил во најскоро време да се пресели на „Сантијаго Бербабеу“.

Наредното лето од Франција треба да пристигнат уште двајца екстраталентирани фудбалери, Едуардо Камавинга и Килијан Мбапе.
Реал се обиде да преговара со Рен за 17-годишниот Камавинга но францускиот тим одби да го продаде својот играч ова лето со што трансферот е одложен за идната година.

едуардо камавинга

Иако речиси сите европски екипи се заинтересирани за Камавинга, Реал Мадрид е во пол позиција поради големата желба на младиот фудбалер да игра на „Сантијаго Бернабеу“ и да работи со Зинедин Зидан.
Перез не сака да ги расипе добрите односи кои ги има со ПСЖ и веќе јавно кажа дека нема да се обидува да го купи Мбапе ова лето, но за наредното веќе има подготвено понуда.

Килијан Мбапе/twitter/bleacherreport

Последниот фудбалер кој треба да пристигне во Реал Мадрид и да ја обезбеди европска доминација е норвешкото чудо од дете, Ерлинг Халанд. Трансферот треба да реализира во 2022 година кога откупната клаузула ќе изнесува 75 милиони евра и уште 30-тина милиони кои Перез ќе мора да ги даде на агентот Мино Рајола и таткото на фудбалерот како провизија.

Ерлинг Халанд/EPA-EFE/MARTIN MEISSNER

Доколку Перез во наредните две години успее да ги донесе овие четворица млади фудбалери, нема сомнежи дека Реал Мадрид кој веќе во тимот има „млади лавови“ како Кубо, Одегард, Асенсио, Менди, ќе доминира во шпанскиот и европскиот фудбал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот