Перез подготви 170 милиони евра за новите „галактикоси“

en.as.com

Реал Мадрид се наоѓа на првото место на табелата во Ла Лига но не прикажува игри кои се очекуваат за клуб како „кралскиот“ посебно во Лигата на шампионите. Во двете кола во ЛШ, Реал Мадрид има само еден бод освоен во дуелот со Бриж (2:2), додека на стартот беше доживеан убедлив пораз од ПСЖ.

Поради неубедливите игри, на удар на јавноста се најде тренерот Зинедин Зидан, но претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез смета дека проблемот може да се реши со купување на нови фудбалери и тоа во зимскиот преоден рок.

Како најверојатни нови „галактикоси“ се споменуваат само две имиња, Мохамед Салах од Ливерпул и ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе, но нивниот ангажман во еден преоден рок е преголем залак дури и за тим како Реал Мадрид.

Перез засега подготви 170 милиони евра со кои ќе се обиде да го привлече Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“, а доколку не успее да таа намера, првиот човек на Реал Мадрид, ќе тргне по Салах.

И двајцата фудбалери се недопирливи во своите екипи но тоа не претставува проблем за Перез кој во минатото успешно реализирал трансфери на играчи кои се сметале за недопирливи како Зинедин Зидан, Луис Фиго, Кристијано Роналдо…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот