Перез објасни зашто не можеше да го купи Погба – Слободен печат
СпортФудбал

Перез објасни зашто не можеше да го купи Погба

Претседателот на Реал Мадрид призна дека летово се обиде да го ангажира фудбалерот на Манчестер јунајтед.

Реал Мадрид во летниот преоден рок потроши 303 милиони евра за засилувања, но тренерот Зинедин Зидан остана без најголемата жеба, Пол Погба од Манчестер јунајтед. Сега , откако заврши преодниот рок, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, им откри на медиумите дека тој се обидел да му ја исполни желбата на својот тренер, но тоа се покажа како невозможна мисија.

Причината за неуспехот, Перез ја објасни преку примерот со напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, кој е долгогодишна желба за челникот на „кралевите“.

– Играчи како Погба и Левандовски не се продаваат. Со години се обидуваме да го ангажираме Левандовски, но не можеме да го сториме тоа бидејќи нема откупна клаузула, а Баерн не сака да го продаде по ниедна цена. Потоа сфаќате дека тоа е невозможна мисија. Истото се случи и со Погба. Кога играчите се слободни за продажба тогаш одиме по нив, но вака рацете ни се врзани – вели Перез.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close