Перез нема конкуренција, останува претседател на Реал Мадрид

Флорентино Перез треба да понуди светски рекорд за услугите на Мбапе/ фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Флорентино Перез единствен поднесе кандидатура и останува и во наредните четири години да го предводи Реал Мадрид.

Иако младиот бизнисмен Енрике Рикелме изминатите денови најавуваше кандидатура, но денеска кога истече крајниот рок за поднесување на кандидатурите, Флорентино Перез повторно нема да има противкандидат во трката за претседатлската функција во Реал Мадрид.
Само Перез поднесе кандидатура бидејќи е единствениот кој ги исполнува условите, да обезбеди доволен број на потписи, да членува во Реал Мадрид најмалку 20 години и да обезбеди финансиски депозит во висина од 15 проценти од годишниот буџет на клубот, или околу 95 милиони евра.

Ова значи дека изборите ќе претставуваат само формалност, но и дека Перез ќе продолжи да ја извршува претседателската функција на која е од 2009 година. Претходно Перез беше претседател и во периодот од 2000 до 2006 година.
За 18 години под водство на Перез, Реал Мадрид освои по пет титули во Лигата на шампионите, Ла Лига, ФИФА светскиот куп, шпанскиот Суперкуп, четири титули во УЕФА Суперкупот и има два трофеи во Кралскиот куп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот