Перез до навивачите: Следната година Мбапе е наш

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез/Фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез им соопшти на група навивачи дека очекува Килијан Мбапе да дојде во клубот по крајот на сезоната.

На социјалните мрежи е објавено видео во кое се гледа како автомобилот на газдата застана и неколку фанови на „кралскиот“ клуб се собраа околу него и почнаа да разговараат со него.

За време на разговорот, еден од нив извика: „Претседателе, потпишете со Мбапе!“ Перез одговори: „Следната година“.

Ова видео беше објавено после завршувањето на натпреварот од шпанската „Ла Лига“ против Виљареал (0:0) во саботата навечер на „Бернабеу“.

Французинот Мбапе сакаше да се пресели во Реал во август, но ПСЖ не го пушти, и покрај тоа што доби понуда од над 200 милиони евра. Неговиот договор истекува на 30 јуни 2022 година и се очекува напаѓачот да го напушти Париз како слободен играч.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот