Перез: Азар го бркаме со години, не ги сакаме Мбапе и Нејмар!

EPA-EFE/Emilio Naranjo

Перез отворено рече дека ќе се обиде да го ангажира фудбалерот на Челзи, Еден Азар кој веќе долг период се поврзува со „кралевите“.

– Не сум разговарал со тренерот Зидан околу Мбапе или Нејмар, ниту со било кој друг. Не сме разговарале и нема да го направиме тоа. И минатата година не ги сакавме и така ќе остане. Ако сакаме играч, ќе зборуваме со клубот – рече Перез.

Азар би можел да вреди 130 милиони евра колку што бара Челзи, а тој според информациите е голема желба на Зидан.

После заминувањето на најголемата ѕвезда Кристијано Роналдо, често до сега се шпекулираше дека токму белгискиот интернационалец би бил идеална замена за Португалецот.

– Како да зборуваме со клуб кој игра во финалето на Лига Европа? Со години се обидуваме да го купиме Азар, но се уште не сме успеале во таквата намера. Би сакал да дојде и се надевам на тоа. Тој е еден од најдобрите на светот – додаде претседателот на Реал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот