Пердју: Ќе биде штета ако заради историја Македонија и Бугарија станат непријатели

Штета ќе биде доколку Бугарија го запре процесот на пристапување на Република Северна Македонија во Европската унија, изјави американскиот дипломат Џејмс Пердју во коментар за одбивањето на бугарската влада да ја прифати рамката за преговори за Скопје, во емисијата „Сабота 150“.

Според него има опасност двете страни да направат голема грешка.

„Национален интерес на Бугарија е Северна Република Македонија да биде членка на НАТО и на ЕУ. Бугарија треба да има најдобри односи со овој сосед. Знам дека е примамливо Бугарија да се обиде да ја искористи својата позиција како членка на Европската унија, додека Северна Македонија се обидува да добие членство. Но, не сум сигурен дали вреди да се создаде непријателство меѓу владите на двете земји и нивните народи. “, рече поранешниот американски амбасадор во Бугарија.

Тој направи паралела и со односите на САД околу англискиот јазик:

„Премиерот на РСМ е многу прогресивен човек. Тој имаше храброст да се договори со Грција за спорот за името.Тоа беше многу добро и за двете земји. Ќе биде штета ако заради историја и заради јазикот Бугарија го запре процесот на пристапување на Република Северна Македонија во Европската унија.

Да простите, и ние во САД зборуваме англиски јазик и немаме никаква желба за тоа да ги притискаме Англичаните. Секоја држава може да си го нарече јазикот како сака. Тоа зависи од неа самата. Историските спорови никогаш не се решаваат дефинитивно.Научниците обично се расправаат за нив со векови.Да ги оставиме да си ја завршат тие работата. Има начин како да се разрешат бидејќи двете земји имаат толку заедничко. Пријател сум и на двете земји и ќе речам – блокадата не е долгорочен интерес на Бугарија“, изјави Пердју.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот