Перцепцијата тешко се менува, корупцијата уште потешко се искоренува

Корупција
Корупција / Фото: Архива на „Слободен печат“

Очигледно, одредени поместувања во превентивната страна на борбата против корупцијата, активноста на Антикорупциската комисија или процесите против високи владини функционери придонеле кон подобрување на перцепцијата, велат аналитичарите.

Извештајот за перцепцијата на индексот на корупција покажува извесно раздвижување, но недоволно, велат експерти и аналитичари, по објавувањето на најновата листа на Транспаренси интернешенл на која земјава има подобрување од 4 индексни поени и скок за 24 места, но сѐ уште е под глобалниот просек и е на 89 од 180 рангирани земји во светот.

– Извештајот за корупција има раздвижување, но сето ова е фасада. Има уште многу работа. Тоа го покажува многу нискиот ранг на Северна Македонија. Дури е во друштво со некои африкански земји. Затоа, можам да заклучам дека нема реформи и нема сериозна борба против корупцијата – вели професорот по кривично право при Универзитетот ФОН Митасим Беќири за „Слободен печат“.

Марко Панковски, постар истражувач во Институтот за демократија, вели дека подобрувањето во рамките на индексот од четири поени не е за занемарување.

– Очигледно, одредени поместувања од аспект на инвестиција во превентивната страна на борбата против корупцијата, проактивноста на Антикорупциската комисија или можеби процесите против високи владини функционери, придонеле кон подобрување на перцепцијата. Сепак, тешко е да се каже колку тоа поместување реално влијае врз општиот амбиент во борбата против корупцијата и чувството кај граѓаните дека нешто се менува – вели Панковски за „Слободен печат“.

Подобрувањето на човековите права, последните избори, реформските процеси, судските постапки за случаи на висока корупција, работењето на Државната комисија за спречување на корупцијата и Акцискиот план за борба против корупцијата се причините поради кои Македонија годинава доби четири индексни поени повеќе и скокна за 24 места на индексот на корупција на Транспаренси интернешенл. По неколкугодишен пад на листата, ова е напредок, но државата сепак е на ниското 87 место, во друштво со земји како Колумбија, Етиопија, Гвајана, Косово, Мароко, Суринам, Танзанија и Виетнам, кои се со ист број поени.

За опозицијата овој извештај е потврда дека „со криминалниот хибриден режим на СДСМ и ДУИ не може да се отстрани корупцијата“, а за СДСМ скокот на индексот е доказ дека владините напори даваат резултати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот