Пеплосан „голфот“ на разбојниците од Бутел

Полициска патрола изгорен го пронашла автомобилот со кој се превезувале крадците кој утринава ја ограбија филијалата на НЛБ Тутунска банка во Бутел.

Автомобилот бил пронајден после два часа откако крадците го нападнале обезбедувањето на банката. Возилото било најдено кај мостот на реката Серава во близина на градските гробишта „Бутел“. Станува збор за автомобил „голф 5”. Засега се знае дека експозитурата околу 9 часот ја ограбиле четири лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот