Пепе Реина официјално се врати во Премиер лигата! (ФОТО)

фото: твитер

Пепе Реина и претходно има настапувано во Премиер лигата, за Ливерпул со кој успеа да ги освои ФА купот, Лига купот, ФА Комјунити шилд и УЕФА Суперкупот.

37-годишниот чувар на мрежата денеска официјално се врати во најсилната англиска фудбалска лига, поточно во редовите на Астон Вила.

Тој доаѓа во клубот од Милан како позајмица до крајот на сезоната. Доаѓа како замена за Том Хитон кој се здоби со сериозна повреда.

Пепе Реина и претходно има настапувано во Премиер лигата, за екипата на Ливерпул со која успеа по еднаш да ги освои ФА купот, Лига купот, ФА Комјунити шилд и УЕФА Суперкупот.

Во кариерата ги бранеше уште боите на Барселона, Виљареал, Наполи, Баерн Минхен и Милан. На репрезентативно ниво има 36 мечеви за Шпанија со која се закити со светската титула во 2010 година.

Моментно Астон Вила се бори за опстанок во Премиер лигата каде што после 22. одиграни кола се наоѓа на 18. место со 21 бод, само еден помалку зад засега „безбедниот“ Ватфорд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот