Пеп и Јувентус водат тајни преговори

EPA-EFE/ANDY RAIN

Италијанскиот новинар, Лука Момблано, кој речиси секогаш прв ги дознава и објавува вестите за трансферите во Серија А, објави нова „бомба“. Челниците на Јувентус, започнале преговори со Пеп Гваридола, кој моментно го предводи Манчестер сити.

Според Момблано, кој прв го најави и ланскиот трансфер на Кристијано Роналдо, веќе се одржани неколку средби помеѓу заинтересираните страни.

– Сопственикот Ањели и спортскиот директор Паратичи неколку пати се сретнаа со Гвардиола. Пеп даде зелено светло за почетокот на разговороите со Јувенутс, парите не се проблем. Јуве на лето се планира големо реновирање на екипата и би му оставиле на Гвардиола сам да ги бира засилувањата. Засега, единствен проблем е актуелниот договор на Пеп со Манчестер сити и лудата трка за титулата во Англија. Токму затоа од Јувентус не излегуваат со соопштенија – вели Момблано.

Според новинарот, челниците на Јувентус, не брзаат со отпуштањето на Алегри само поради Гвардиола. Тие се свесни дека екипата го достигнала максимумот под водство на Масимилијано Алегри, сакаат промена на клупата и се надеваат дека со Гвардиола конечно ќе го својат трофејот во ЛШ. Освен Гвардиола, само уште едно тренерско име се наоѓа на списокот на челниците на  Јувентус, Антонио Конте.

– Пеп е дефинитивно прв избор и со него ќе преговараат до последен момент. Антонио Конте е резервната варијанта, а трето име не постои бидејќи нема подобар тренер од Алегри во моментов. Имам информации од клубот дека Пеп е заинтересиран да дојде во Јувентус. Алегри би останал на клупата само доколку не се договорат со Гвардиола, а Конте одбие да се врати во тимот кој го предводеше до три едноподруго титули во Серија А – додава Момблано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот