Пеп Гвардиола конечно си најде дефанзивец, Диаш за 55 милиони евра се сели во Сити

Дефанзивецот на Бенфика, Рубен Диаш, кариерата ќе ја продолжи во Манчестер сити.

Португалскиот репрезентативец со гол против Мореиренсе се прости од клубот од Лисабон и се очекува во текот на денов да ги помине лекарските прегледи и да потпише договор со Манчестер сити.

Медиумите дознаа дека Рубен Диаш ќе потпише петгодишен договор со англискиот тим кој ќе плати 55 милиони евра обесштетување.


Во текот на вчерашниот ден, екипите ги договорија сите детали од трансферот, а како дел од него е и Николас Отаменди кој ќе премине во Бенфика. Се очекува аргентинскиот репрезентативец да потпише тригодишен договор со Бенфика.


Рубен Диаш е дете на Бенфика, ги помина сите младински категории, а за првиот тим дебитира во 2017 година.
Со ангажманот на Диаш, менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола конечно ќе ја засили одбраната која беше најслаб дел од тимот минатата сезона.

Прочитајте и...  Тупурковски го доби наследникот: Даниел Димевски нов претседател на МОК

Поврзани вести

Надал се откажува: Ѓоковиќ и шеста година најдобар тенисер на светот!

Слободен печат

Без Борко и Георгиевски против Финска и Швајцарија!

Слободен печат

Пирло: Има млади и неискусни во Јуве, далеку сме од Барса!

Слободен печат

Ндомбеле: Не ме повредија, ниту ме мотивираа зборовите на Мурињо!

Слободен печат

„Џокерот“ на Солскјер: Решфорд го надмина рекордот на Мбапе!

Слободен печат

Лига Европа: Адеми против ЦСКА Москва, холандски предизвик за Велковски

Слободен печат

Остави Коментар