Пензискиот систем е стабилен, пензиите се исплаќаат со покачување

Грижата за пензионерите е еден од приоритетите на оваа Влада. Ветивме дека ќе ги зголемиме пензиите и тоа го направивме, вели Царовска.

Пензионерите се сигурни – пензиите ги добиваат предвреме а пензискиот систем е стабилен. Во секоја пензија што се исплатуваше изминатите месеци беше вградено и јануарското покачување, соопштија денеска вицепремиерката Мила Царовска и дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ на средба со пензионерите во Охрид.

-Јануарската пензија беше повисока за 722 денари, а ова зголемување влезе во основицата на пензијата што се исплатува секој месец. Со тоа просечната пензија ја зголемивме на 15.500 денари, зголемувањето на пензиите се прави според закон, со издржани пресметки, рече Царовска.

„Го почнавме развојот на услуги на локално ниво како што се помош и нега во домашни услови, и тој процес мора да продолжи. Пензионерите на кои им е неопходна поддршка во секојдневните обврски и во справувањето со хроничните болести, со закон добија право на помош во домот. Ова е концептот на чија имплементација работиме, ги подготвуваме општините и давателите на услуги“, посочи Шкријељ, додавајќи дека сите заедно, почитувајќи ги мерките, ќе бидеме победници во битката со вирусот, по што нашите повозрасни граѓани повторно ќе можат да се дружат и активно да ги минуваат пензионерските денови.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот