Пензионерка – сериски убиец во Русија: Ја викаат „Баба Мевосек“, ги касапела и готвела жртвите, меѓу нив е и девојче (7)

Пензионираната Русинка Софија Жукова (81) позната како „Баба Мевосек“, почина на 29. декември од коронавирус. Таа беше обвинета за брутално убиство на три лица, вклучувајќи и седумгодишно девојче Анастасија Алексенко. Таа наводно го убила и искасапила и 52-годишниот домар и пријателката на возраст од 77 години. Како што пренесуваат медиумите, полицијата пред нејзината смрт ја истражувала можноста за нејзина поврзаност со уште четири нерешени убиства.

Во текот на судењето на „Бабата Мевосек“ прикажана е снимка на која се гледа како замавнува со секира додека им покажува на инспекторите како го убила домарот. Внатрешните органи на Василиј Шљахтич, украински емигрант кому му го издала станот, се пронајдени во нејзиниот фрижидер во 2019 година, но таа негираше дека е канибал.

-Го убив домарот, но тој ме силуваше. Што друго можев да направам? Го искасапив со секира, рече тогаш таа.

Неколку дена по убиството, деца ја пронашле неговата отсечена рака во контејнер за ѓубре, а полицијата пронашла кеса со неговите остатоци.

– Цревата и другите внатрешни органи се пронајдени во фрижидерот, коските ги фрлила. Кучињата ја надушкале крвта и ги расфрлале деловите од телото наоколу, вели извор од полицијата.

Девојчето е убиено во 2005 година, ден пред нејзината глава да биде пронајдена во близина на станот на Софија Жукова. Таа наводно го искасапила девојчето, кое ја гаѓало со сладолед, зошто ја опоменало да не вика гласно. ДНК од детето е пронајдена во бањата на „Бабата Мевосек“ 14 години по убиството, соопштија форензичарите.

Соседите претходно тврдеа дека Жукова од месото на своите жртви подготвувала „деликатеси“ кои им ги делела на децата од соседството во селото Березовка.

– Секогаш ни беше чудно што наоѓаше време нешто да зготви за децата, иако често беше намрштена и нељубезна. Секогаш тоа беа јадења со месо. Понекогаш готвеше и јадењата им ги подаруваше на возрасните. Мене и на мажот ни даде чинија со пифтија, вели соседката Татјана, која тоа добро го запаметила зошто мажот ѝ рекол подобро да не го јадат тоа, „зошто никогаш не знаеш од што е“.

Изгледа дека беше во право, вели таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот