Пензионерите и семејствата корисници на социјална помош ќе добијат субвенции за струја

струја струјомер
Струја/ Фото: МИА

Министерството за финансии на Косово им соопшти на граѓаните дека ќе субвенционира струја за семејствата корисници на социјална помош и пензионерите, јавува Индекс Онлајн.

Тие во својата објава на Фејсбук наведуваат дека категориите кои ќе ја користат оваа субвенција се семејствата кои се влезени во базата за социјална помош, семејствата на загинатите борци од ОВК, семејствата на цивилните жртви, семејствата на исчезнатите, воените инвалиди, слепите, параплегичарите и тетраплегичарите.

„Субвенционирањето на електрична енергија, според важечките закони, ќе се врши за 2021 година и за онолку месеци колку што корисникот користел соодветна помош/пензија“, се вели во соопштението на МФ на Косово.

Од Министерството за финансии на Косово велат дека ови категории граѓани нема потреба да аплицираат за субвенциите за струја туку дека исплатата ќе биде автоматска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот