Пензионерите да користат картички за безготовинско плаќање, апелира Народна банка

Препорака е и при едно одење во банка да се завршат сите банкарски услуги за кои е потребно физичко присуство во експозитурите и филијалите.

Народната банка апелира до пензионерите кои имаат дебитни картички и кои веќе од утре ќе може да ја подигнат пензијата, да ја користат картичката за плаќање онаму каде е можно безготовинското плаќање.

Се апелира и до оние пензионери кои немаат дебитни картички да го пополнат барањето кое ќе им биде дадено во филијалите и експозитурите при исплата на пензијата.

– Заради заштита на здравјето, да се избегнува користењето готовина, велат од Народната банка.

Оттаму препорачуваат до останатите клиенти на банките во периодот од 8 до 12 часот да се воздржат од одење во банки со цел да им се даде приоритет на повозрасните граѓани кои имаат потреба од банкарски услуги. 

Препорака е и при едно одење во банка да се завршат сите банкарски услуги за кои е потребно физичко присуство во експозитурите и филијалите.

– Како што веќе е соопштено, задолжително е да се носи лична заштитна опрема за носот и устата којашто може да биде: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, памучна марама или шал, бандана и слично. Да се почитуваат насоките за соодветна раздалеченост од другите лица, пред и во објектите на банките. Апелираме за придржување до распоредот, со што ќе се овозможи бројноста на лица во филијалите и експозитурите на банките значајно да се намали, во корист на здравјето, велат од Народната банка.

Од Централната банка се надеваат дека ваквиот системски пристап кој ќе се примени за исплата на априлските пензии ќе ги даде очекуваните резултати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот