Пензионерите за августовските пензии ќе почекаат до вторник

Пензионери / Илустративна фотографија: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Пензиите за месец август ќе бидат на располагање преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 31 август, соопшти Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. За лицата кои не користат картички, пензиите ќе бидат исплатени етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од КОВИД-19. Исплатата на шалтерите во банките ќе се врши во четири групи.

-За пензии со висина до 11 000 денари, исплатата ќе се врши на 31.8.2021г. (вторник)

 

-За пензии со висина 11 001-14 000 ден, исплатата ќе биде на 1.09.2021г. (среда)

 

-За пензии со висина 14 001-18 000 ден, исплатата ќе биде на 2.09.2021г. (четврток)

-За пензии со висина над 18 001 ден, исплатата ќе биде на 3.09.2021г. (петок)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот