Пензиите ќе се зголемат од 850 до 900 денари

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Премиерот Зоран Заев и министерката за финансии, Нина Ангеловска одржаа прес-конференција во Владата на РСМ на тема Предлог-законот за извршување на Буџетот за 2020 година.

-Буџетот за 2020 година предвидува зголемување на пензиите на возрасните лица. За 2020 година со Буџетот е предвидено зголемување на пензиите, имајќи ги во предвид економските параметри во изминатите две години- рече премиерот Заев.

Пензионерите заслужуваат, рече премиерoт Заев, тие одбработија за ова општество, потенцираше Заев.

Од 1 јануари следнава година, пензиите за сите корисници за 2020 година ќе се зголемат од 850 до 900 денари, поради растот на минималната плата и просечната плата.

– Од 700 до 730 денари се зголемуваат пензиите, конечно ќе се утврди на крајот на годината. Со индексацијата ќе има дополнителни 120 до 130 денари. Или вкупно меѓу 850 и 900 денари – поради растот на минималната и просечните плати. Минималната пензија е за жал 8 940 денари, а просечната пензија е околју 14 илјади денари- рече Заев.

Имено, во драфтот на предлог-буџетот за 2020 година, Владата самоиницијативно ја зголеми ставката за трансфери за пензии, иако самото Министерство за труд и социјална политика бараше зголемување од само околу 18 милиони евра. Со ваквото зголемување на средствата, сега се појаснува за што ќе бидат употребени дополнителните 64 милиони евра плус во споредба со 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот