Пентагон вети уништување и на наследниците на лидерот на ИД

Сите наследници на Абу Бакр ал-Багдади, предводник на терористичката организација „Исламска држава”, ќе бидат уништени, изјави денеска Марк Еспер, првиот човек на Пентагон.

-Ова е уништувачки удар. Тој не е само лидер, туку нивен основач, кој за нив беше инспирација во повеќе погледи… Ние внимателно ќе го следиме развојот на ситуацијата. И кога ќе се појави нов лидер или лидери, ќе дојдеме и по нив, изјави Еспер за Си-Ен-Ен.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп ја потврди ликвидацијата на терористот во Идлиб, кога тој се разнел себеси во тунел, заземен од американски војници.

Според достапните информации, терористот бил убиен во тек на специјална операција предводена од САД во сириската провинција Идлиб, каде, како што кажа Трамп, се наоѓа „последното прибежиште” на ИД.

Терористот се обидувал да се скрие со три деца во населен комплекс со многу подземни тунели. Кога последниот тунел бил заземен од американски војници, ал-Багдади активирал експлозивна направа, при што загинале и децата.

Трамп изјави дека терористот бил идентификуван со помош на експертиза на останките, и се заблагодари за помошта од Русија, Сирија, Турција, Ирак, и на Курдите.

Абу Бакр ал-Багдади ја предвдеше ИД од моментот на нејзиното појавување во 2014 година, кога тој објави калифат на територијата на Сирија и Ирак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот