Пентагон се откажа од одбранбен проект вреден милијарда долари

Пентагон / Фото: МИА

Пентагон се одлучи заради значителни технички проблеми да запре проект вреден милијарда долари, што го водел во рамки на развојот на противвоздушната одбрана.

Американските медиуми пренесуваат дека Пентагон оваа одлука ја образложи со фактот дека договорот за проектот со „Боинг” е откажан откако било утврдено дека корекциите на проблематичниот дизајн на оружјето би биле прескапи.

Пентагон соопшти дека наскоро ќе повика учесници од индустријата да се натпреваруваат за добивање дозвола за развој на „новата генерација пресретнувачи”, пренесоа американските медиуми, додавајќи ја претпоставката дека веројатно станува збор за одбранбено оружје за суперсоничните ракети што ги развиваат и Русија и Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот