Пентагон: САД остро се противат на нова воена операција на турската армија во Сирија

Руска и американска војска во Сирија/ Фото Delil SOULEIMAN / AFP / Profimedia

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, го известил својот турски колега дека „остро се противи” на новата турска воена операција во Сирија и изразил загриженост за ескалацијата на ситуацијата во таа држава, соопшти Пентагон.

„Тој, исто така, изрази загриженост за ескалацијата на акциите во северна Сирија и Турција, вклучително и неодамнешните воздушни напади, од кои некои директно ја загрозија безбедноста на американскиот персонал кој работи со локалните партнери во Сирија за да ја порази ИСИЛ”, се вели во соопштението во кое се користи акронимот за милитантната група ИД.

„Министерот Остин повика на деескалација и го изрази силното противење на Министерството за новата турска воена операција во Сирија”, соопшти американската страна.

Пред неколку дена Турција соопшти дека повеќе од 300 курдски милитанти се „неутрализирани” во офанзивата започната во северна Сирија и северен Ирак. Анкара го користи терминот „неутрализиран” за убиени или заробени милитанти.

Цел на операцијата беа Единиците за народна заштита (YPG) и забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК), а беше спроведена една недела по бомбашкиот напад во Истанбул во кој загинаа шест, а беа ранети повеќе од 80 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот