Пентагон: САД го уништија своето последно хемиско оружје

Ракета М55 / Фото: МИА

Соединетите Американски Држави ја уништија и последната ракета М55 што го содржи нервниот агенс VX како дел од владината програма за елиминирање на хемиското оружје, соопшти американското Министерство за одбрана.

„Среќни сме што достигнавме клучна фаза во целосното хемиско разоружување“, рече Кингстон Рајф, заменик помошник државен секретар на САД за намалување на заканите и контрола на вооружувањето.

Пентагон истакнува дека ракетата ја содржела последната количина на хемиско оружје VX во САД и била уништена согласно Меѓународната конвенција за забрана на хемиско оружје.

Според Пентагон, САД уништиле вкупно околу 18 000 проектили М55 во периодот од јули 2021 до мај 2022 година.

Конвенцијата бара од сите земји-членки целосно да го елиминираат своето хемиско оружје. Русија, која е исто така страна на конвенцијата, најави целосна ликвидација на залихите на хемиско оружје во 2017 година.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот