Пентагон подготвува нови бази за да и се спротивстави на Кина

Пентагон/ Фото: МИА

Пентагон ќе се фокусира на изградба на бази во Гуам и во Австралија со цел подобро да ја подготви американската армија да и се спротивстави на Кина, изјави висок претставник на американското Министерство за одбрана.

Таквите потези се поттикнати од ревизијата на американската глобална одбранбена стратегија, која претседателот Џо Бајден му ја наложи на државниот секретар за одбрана Лојд Остин да ја спроведе набргу откако тој ја презеде функцијата во февруари, објави Си Ен Ен.

Остин започна со ревизија на американската глобална одбранбена стратегија која беше строго доверлива, но висок претставник на одбраната изнесе некои детали околу наодите.

– Бајден „неодамна ги одобри” наодите и препораките на Остин произлезени од ревизијата, потврди д-р Мара Карлин, која е вршител на должноста потсекретар за политички прашања во Министерството за одбрана на САД.

Администрацијата на Бајден го постави спротивставувањето на Кина како свој главен надворешнополитички приоритет бидејќи тензиите во односите со Пекинг се интензивираат, особено околу Тајван.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот