Пентагон нема докази дека експлозијата во Бејрут била напад

Пентагон / Фото: МИА

Пентагон нема докази дека експлозијата во либанскиот главен град била напад, како што претходно коментираше претседателот Доналд Трамп, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на тројца неименувани извори во Пентагон.

Огромна трагедија: Во експлозијата во Бејрут загинаа над 100 лица, а повредени се повеќе од 4.000 (ГАЛЕРИЈА)

Претходно на брифинг во Белата куќа, Трамп одговори потврдно, дали верува дека станува збор за напад во Бејрут, а не за инцидент.

Во исто време, извори на Си-Ен-Ен во Министерството за одбрана на САД забележуваат дека „тие не знаат за што зборува претседателот”.

Трамп: Експлозијата во Бејрут била предизвикана од некој вид бомба

Извор од Пентагон рече дека доколку војската има докази за таков напад, американските власти веднаш би вовеле дополнителни мерки за заштита на американските сили и имот во регионот.

Изворот на Пентагон додаде дека не биле примени такви наредби.

Израел и Хезболах негираат дека експлозијата во Бејрут е ракетен напад (ФОТО+ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот