Пентагон: Неколку американски војници загинаа во нападот во Кабул

Според американската влада, неколку американски војници загинале во нападот пред аеродромот во Кабул, соопшти вечерва портпаролот на Министерството за одбрана на САД, Џон Кирби.

Кирби не даде точен број на жртви.

Неколку американски војници беа повредени, рече тој, а во нападот загинаа и неколку Авганистанци.

Според некои светски медиуми, во нападот загинале четворица американски маринци, а тројца се повредени

извор: МИА

Видео на денот