Пентагон формира Канцеларија за проучување на НЛО

Фото: МИА

Пентагон соопшти дека формирал Канцеларија за собирање и анализи на информации за неидентификувани летечки објекти (НЛО) видени од различни родови на американската војска.

Оваа „Координирана воздушна група за идентификација и управување” или АОИМСГ го заменува „Работното место за неидентификувани воздушни појави” формирано во август 2020 година, а потоа ставено под покровителство на американската морнарица, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на САД.

Канцеларијата е под јурисдикција на потсекретарот за одбрана задолжен за разузнавање и безбедност, што укажува на фактот дека американската војска не ги смета „малите зелени” одговорни за „неидентификуваните воздушни феномени”, туку вистинските противници на САД.

Вашингтон е всушност загрижен за способноста на Кина да шпионира со помош на дронови и други летечки уреди. Идниот директор на АОИМСГ, кој се уште не е назначен, ќе ја координира работата на различните родови на американската војска и разузнавачките служби на терен.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот