Пентагон: Американски државјани се повредени во нападот во Кабул

Американски државјани се меѓу повредените во нападот пред аеродромот во Кабул, соопшти портпаролот на Пентагон, Џон Кирби на Твитер.

Тој ја нарече експлозијата што се случи на една од портите на аеродромот како „комплексен напад”.

Кирби не даде никакви информации за бројот на загинати или повредени лица.

Тој потврди дека се случила уште една експлозија во хотел во близина.

Невладината организација „Итна помош” претходно на Твитер соопшти дека во нападот загинале најмалку шест лица.

Според невладината организација, која раководи со болница таму, досега се примени 60 повредени лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот