Пенс од Ерусалим порача дека светот мора да се спротивстави на антисемитизмот и на Иран

Фото: EPA-EFE/RONEN ZVULUN

Мораме да бидеме подготвени да се соочиме и да го разоткриеме тој ужасен бран на антисемитизам, кој поттикнува омраза и насилства ширум светот – истакна Пенс пред светските лидери на Форумот за холокаустот.

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави денеска дека светот мора силно да се спротивстави на „грозната плима на антисемитизам“ кој се шири низ светот, оценувајќи дека предводник на таа политика е Иран.

– Мораме да бидеме подготвени да се соочиме и да го разоткриеме тој ужасен бран на антисемитизам, кој поттикнува омраза и насилства ширум светот – истакна Пенс пред светските лидери на Форумот за холокаустот.

Додаде дека светот исто така мора да ѝ се спротистави и на државата која е предводник на антисемитизмот.

– Во истиот тој дух, мораме силно да се спротивставиме на државата која е предводник во ширењето на антисемитизмот, на единствената влада во светот на која негирањето на Холокаустот и е државна политика и која се заканува дека ќе го избрише Израел од мапата.

„Светот мора силно да застане против Исламска Република Иран“ потенцираше Пенс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот