Пенов: ВМРО се противи на внесувањето на Бугарите во Уставот, а го слави Татарчев, кој велел дека Македонија е бугарска

Фото: ТВ „Шења“ / принтскрин

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов вели дека однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ ѝ служи на Бугарија и на нивниот сопствен рејтинг.

Според Пенов, нелогично е партијата што го слави д-р Христо Татарчев како прв претседател на ВМРО, кој не го признавал постоењето на македонската нација, да не се согласува Бугарите да влезат во Уставот, за С. Македонија да го продолжи својот пат кон ЕУ.

„Палатата на ВМРО се вика „Татарчев“, имаме и споменик на плоштад. Татарчев е заслужен како прв претседател на ВМРО, во ред. Но Татарчев почина, откако се создаде Република Македонија и откако е створена Македонија, македонска нација е признаена, тој ги пишува своите мемоари во кои кажува „нема Македонци“, „Македонија е бугарска“. И ние на таквиот човек, Груевски му изгради споменик на плоштад до Триумфалната, а овие седат во палата, која ја нарекуваат „Татарчев“. Ако сме против Бугарите во Уставот, ако сме против реципроцитет, со кое право,ти тој товар го носиш на грб. Славиш име на човек којшто вика дека ти не постоиш. А мене ме тераш да не одам кон Европа со вклучување на Бугарите во Уставот“, рече Пенов вечерва во емисијата „Интервју на Шења“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот