Пенов и Касами ќе ги заживуваат занаетите

Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов денеска ќе одржи средба со градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами, а целта е потпишувањe договор за кофинансирање на проектот на ИПА Прекугранична програма со Косово 2014-2020 – „Заживување на занаетите и градење култура за заеднички туристички развој”.

Во рамки на проектот e предвидена инвестиција од над 300 илјади евра за улицата „Радован Цониќ” во Тетово, со должина од преку 444 метри и просечна широчина од шест метри. Улицата ќе биде реновирана и редизајнирана да одговара на потребите на локалните занаетчии за да се подобри нивната промоција и пристапот до нивните производи.

Предвидена е и тренинг програма за занаетчии и туристички и угостителски бизниси дополнета со индивидуални менторски средби за учесниците, а ќе се организира и заедничка работилница за тур-оператори и занаетчии со цел креирање нова туристичка понуда базирана на локалните и традиционални занаети, како работилници за изработка на традиционални печива и слатки, за изработка на накит и традиционална облека, за везење и други традиционални вештини. Новата понуда ќе биде вклучена и во понудите на туристичките агенции од прекуграничниот регион.

Овој прекуграничен проект финансиран од ЕУ го спроведува конзорциум составен од Општина Призрен – Република Косово, Општина Тетово – Република Северна Македонија, CEED Македонија и CEED Косово, поддржан преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и Северна Македонија, информираат од Министерството за локална самоуправа.

Средбата на Пенов и Касами ќе се одржи во просториите на Општина Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот