Пенезиќ: Вардар заслужи титула во ЛШ, но немавме среќа!

фото: твитер

Поранешната хрватска ракометарка на „црвено-црните“ уживаше во секој поминат ден во Македонија…

Една од најдобрите ракометарки која играше во Вардар, Андреа Пенезиќ, во интервјуто за хрватски „Спорт Клуб“ зборуваше за годините поминати во Вардар, за добрите и лоши моменти.

Пенезиќ во 2017 година заврши како најдобар стрелец во Лигата на Шампионите постигнувајќи вкупно 102 гола, во сезоната кога „црвено-црните“ загубија во големото финале од екипата на Ѓер од Унгарија.

Пенезиќ и Вардар немаа среќа да ја освојат европската титула, иако во два наврати им беше трофејот на дофат, но македонската женски ракометен шампион беше неуспешен во продолженијата.

Хрватската интернационалка која настапува во унгарскиот Шиофок вели дека Вардар заслужил да ја освои ЛШ, но едноставно ракометарите немаа среќа, пренесува „Вардар фанс“.

– Нема полошо од тоа да загубите во финале. Тоа ми се случи двапати, и тоа на каков начин, во двата случаи паднавме во продолженијата, а тоа е страшен емотивен удар за секој спортист. Најпозитивната работа што ми се случило е токму тој амбициозен Вардар, тоа беа моите четири најдобри години во кариерата. Се чувствував многу респектирана и ценета, луѓето ни приоѓаа на улици и беа многу пристојни со нас, едноставно уживав во секој поминат ден во Македонија. Жал ми е само за тие два порази во финалните дуели, сметам дека таа генерација на Вардар заслужи да ја освои Лигата на Шампионите, но во спортот секогаш треба да се има среќа, а ние едноставно ја немавме – рече Пенезиќ.

Андреа се потсети и на еден лош момент, кој за среќа завршил во најдобар ред.

– Никогаш нема да го заборавам денот кога со Вардар летавме до Љубљана и кога дојде до турбуленции за време на летувањето. Дуваше многу силен ветер, не фрлаше на сите страни и едно саат време кружевме во воздухот. Тоа ми беше, веројатно, најстрашниот момент во животот. Кога тргнавме, сите се смеевме и се зафркававме, а на крај завршивме во солзи и во страв за својот живот – додаде хрватската ракометарка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот