Пендаровски: Заедно напред за нови шанси за младите, за демократски и европски дом

Интеграциите во ЕУ и НАТО создаваат нови шанси за младите, за демократски и европски дом во сопствената татковина, порача вечерва кандидатот за претседател на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски на трибината во Ресен.

– Со Преспанскиот договор го сочувавме идентитетот кој сега е и меѓународно гарантиран. Затоа добивме покана за НАТО. Во 2018 година, за само шест месеци влегоа рекордни 625 милиони евра што е двојно поголемо од најдобрата инвестициска година. Ако минатата година беше година на интеграции, оваа е година на економски развој, поголеми плати и повеќе пари кај граѓаните. Гаранцијата за млади дава резултат, веќе се вработени 1.800 млади во само три општини. Затоа е важно заедно да продолжиме, да создадеме нови шанси за младите, демократски и европски дом, рече Пендаровски.

Според него, на овие избори ќе се судрат два главни концепти. Едниот, како што рече, кој вели дека ќе поништат се што постигнавме.

– Тоа значи блокада спрема НАТО и ЕУ. Тоа ќе значи нови тензии на Балканот. Ако некој на 21 април го заокружи бројот два на Гордана Сиљановска, тоа значи глас за трет мандат за Ѓорге Иванов, човекот кој осум години молчеше за сите зулуми на претходната власт на Груевски, а последните две години кочи се што правеше оваа Влада, додаде Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот