Пендаровски: Заедно да ја заштитиме водата

Претседателот Стево Пендаровски се приклучи кон кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сѐ” за одржливо користење и заштита на водите која ќе трае во текот на 2021 година.

– Бистро, чисто и јасно за незагадена природа, чиста вода за пиење и јасна поделба на надлежностите и преземање на одговорност да ги заштитиме нашите води. Заедно да работиме за да придонесеме кон одржливо користење и заштита на водата и за ефикасен надзор врз искористувањето на природните ресурси – напиша Пендаровски на својот фејсбук-профил.

Претходно, организаторите на кампањата соопштија дека покрај претседателот Пендаровски кон гелира-акциите се приклучуваат голем број граѓански активисти, новинари, професори, невладини организации и медиуми, кои ја поддржаа кампањата „Разбистри сѐ”, кои објавуваат апели за порационално користење на водата, спречување на загадувањето на реките, сузбивање на коруптивните практики при управувањето со природните ресурси, како и за поголема ефикасност на инспекциските органи.

Водата во Македонија не ја добива потребната заштита и не се користи рационално, а сите граѓани немаат пристап до здравствено исправна вода за пиење и санитарни услови. Одговорните институции немаат капацитет и опрема за спроведување на Законот за води и не се одвојуваат доволно пари од државниот буџет. Континуираното експлоатирање и уништување на водните ресурси се должи и на нискиот степен на казнивост на загадувачите – велат организаторите на кампањата.

Кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сѐ” која ќе трае во текот на 2021 година, ќе се фокусира токму на овие проблеми и нејзината цел е да го зголеми влијанието за носење или промени на јавните политики. Кампањата се реализира како дел од проектот „Поврзи ги точките: подобрени политики преку граѓанско учество”, кој е финансиран од Британската амбасада во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот