Пендаровски: За да имаме стабилна демократија и идни генерации на демократи, мораме да вложуваме во образованието

Најисплатливата долгорочна инвестиција во едно општество е инвестирањето во образованието. За да имаме стабилна демократија, за да имаме идни генерации на демократи, мораме да вложуваме во образованието, кое е втемелно во демократските вредности, изјави претседателот Стево Пендаровски на инаугурацијата на Претседателскиот центар за политичко образование.

Токму тоа, посочи Пендаровски, го поттикнало да започне ваква иницијатива, која, како што рече, ја смета за еден од клучните проекти во својата програма.

– Верувам дека со работата на центарот ќе придонесеме за промоција на културата на дијалог и ќе влијаеме во реформата на образованието преку сеопфатно вклучување на политичкото образование во нашоиот формален и неформален образовен систем, изјави Пендаровски.

Тој изрази уверување дека водени од визијата за јакнење на демокркатијата, промоција и заштита на човековите права и слободи, политичкиот плурализам, меѓусебната толеранција и солидарност заеднички ќе ја постигнеме целта.

– Македонското општество се одликува со висока конфликтност и со поделби по повеќе основи. Легитимните политички разлики како суштински елементи на политичкиот плурализам наместо да бидат основа за отворен и конструктивен политички дијалог, за жал, станаа причина за длабока нетрпеливост и пречка за соработка меѓу политичките субјекти во исполнување дури и на нашите клучни државни приоритети, изјави Пендаровски.

Во изминатите три децении од независноста минавме низ бројни политички кризи, нагласи тој, но во изминатата деценија ни се случи толку силна полиризаиција која државата ја доведе до работ на граѓански конфликт. Таквото назадување од демократскиот развој, посочи тој, е очекувана последица од перманетната криза на политичките институции и ниското ниво на доверба на граѓаните во нив.

Претседателот на Програмскиот совет на Претседателскиот центар Александар Спасов, порача дека центарот денеска го започнува својот пат за промоција на демократијата во нашето општество меѓу сите генерации.

– Тој е резултат на политиката на претседателот Пендаровски за нужноста од граѓанско помирување, како единствен начин за излез од декадата на конфликтите, поделбите и демократското назадување. Политика, која е препознаена од граѓаните и меѓународната заедница и затоа во основана на Центарот е партнерството меѓу Кабинетот на претседателот и фондациите со различна идеолошка ориентација, но со значајно искуство во промоција на демократските политички вредности во целиот свет, изјави Спасов.

Во работата на Претседателскиот центар за политичко образование, како дел од програмскиот совет, се вклучени повеќе фондации меѓу кои Фондацијата Фридрих Еберт Скопје, Фондацијата за демократија на Вестминистер подружница во РСМ, Фондацијата Конрад Аденауер подружница Скопје, Националниот демократски институт за меѓународни работи – канцеларија во Северна Македонија, Меѓународниот републикански институт ИРИ подружница Скопје и Фондацијата Македонија 2025.

Во работата и во активностите на Претседателскиот центар може да учествуваат сите  здруженија и фондации од земјата и од странство кои имаат основна цел да ја промовираат културата на дијалог и почитување на мултикултурната  реалност.

Како прв настан во рамки на Политичкиот центар, денеска во продолжение на инаугурацијата се одржа дебата на „Иднината на демократијата – младите во политиката и општеството”, на која учествуво земаа повеќе млади луѓе од граѓанскиот сектор. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот