Пендаровски: Вон памет е некаков нов договор со Бугарија

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Телма изјави дека нема шанси за нов договор за соработка и добрососедство со Бугарија.

„Вон памет е некаков нов договор од веќе потпишаниот договор за соработка и добрососедство помеѓу двете држави или некој амандман на тој договор. Тоа што сме потпишале и ние и тие треба да го реализираме“, вели Пендаровски.

Тој рече дека со министерот за надворешни работи Бујар Османи се слушнал завчера кога тој се вратил од Софија и дека нема никаков сет на предлози, дека Софија предлага да потпишеме дека ќе го смениме Уставот и ќе ставиме дека како нација и јазик постоиме од 1945 па наваму.

„Нема такво нешто, мислам на некаков договор“ –рече Пендаровски и додаде дека заедничките комисии ќе се состанат следните два дена во Скопје за да се расчистат историските несогласувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот