Пендаровски во Свети Николе: Во овој момент нашата земја е единствена од која доаѓаат добри вести од Балканот – Слободен печат
ВестиМакедонија

Пендаровски во Свети Николе: Во овој момент нашата земја е единствена од која доаѓаат добри вести од Балканот

Тој очекува дека со ова темпо со кои се движи државата во јуни да  го добие датумот за преговори со ЕУ, се отварат и фондовите на Европската унија.

Во овој момент нашата земја е единствена од која добри вести доаѓаат од Балканот, посочи кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски на вечерашната трибина со граѓаните во Свети Николе. Забележа дека тоа се должи на посветеноста на оваа политичка гарнитура, која реши и по цена на политичкиот рејтинг и по цена да изгуби на наредни парламентарни избори да ги реши проблемите, кои во изминатите 30 години низа политичари ги ставале под тепих, со цел, како што рече, кој колку пратенички, советнички места, тендери да земе, а никој да не ги решава проблемите.

-Договорот со Бугарија, договорот со Грција, неколку клучни зафати внатре во државата беа донесени по цена на нашиот политички рејтинг. Значи, оваа политичка структура, оваа политичка власт реши да не се грижи за својата популарност. Дали ќе добие на следни избори, дали ќе изгуби. Реши проблемите да ги нема повеќе,  и по цена да ги изгуби следните избори. Што ние нудиме, а што не нудат нашите противници. Ние заедно со премиерот Заев ги отвараме портите на светот и на Европа, вели Пенадровски.

Тој очекува дека со ова темпо со кои се движи државата во јуни да  го добие датумот за преговори со ЕУ, се отварат и фондовите на Европската унија.

-Да знаете дека на годишно ниво има околу 500 милиони евра на располагање, ако сте паметни, а имаме луѓе, можете да земете пари посебно во земјоделието за развој на таа област и за подобар животен стандард на сите вас, рече Пендаровски

 Но, претходно како задача мора да се реши Специјалното јавно обвинителство, бидејќи, како што вели, правда мора да има во оваа држава. Смета дека опозицијата во моментов со поднесените амандмани го кочи тој процес, но Пендаровски истакна дека СЈО мора да постои и за тоа е потребно двотретинско мнозинство во Парламентот.

Граѓаните на Свети Николе го прашуваа како да се стопира процесот на миграција, но и дека се незадоволни од промените и правдата во нашата држава, што е многу бавна . Посочувајќи го случајот со фантомските гласачи од Свети Николе, за што се очекува и судска разрешница. Кандидатот за претседател на СДСМ Пендаровски истакна дека и тој е еден од учесниците во Шарената револуција, кои што не се задоволни од темпото на промените. Но, смета дека најважното е направено со чекорите кон НАТО и ЕУ и потпишаните договори. Порача дека очекува навистина оваа година да биде економска, како што најавил и лидерот на СДСМ.

На вечерашната трибина во Свети Николе, Пенадровски истакна дека на 21 април граѓаните ќе гласаат за земјата да ни оди напред, кон ЕУ и НАТО, запирање на процесот на миграцијата или за вториот концепт, што не нуди ништо ново од времето на владеењето на Груевски. Караванот на кандидатот за претседател на ВМРО ДПМНЕ, Пендаровски  вечерва е на централен митинг во Велес, каде ќе се обрати и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close