Пендаровски: Во овој момент Македонија нема официјален соговорник во Софија

Стево Пендаровски
Стево Пендаровски /Фото: Архива на „Слободен печат“

Шефот на државата Стево Пендаровски во престојниот период не очекува некои поголеми промени во однос на спорот со Бугарија, со оглед на тоа што земјава реално во моментов нема соговорник од другата страна, бидејќи Софија се уште нема формирано Влада.

На брифинг со новинари денеска кај претседателот на државата беше посочено дека не е исклучена можноста во Бугарија да има трети парламентарни избори. 

Пратеникот од бугарската политичка партија „Има таков народ” која доби најмногу гласови на предвремените парламентарни избори, Станислав Балабанов објави дека денеска ќе биде познат нивниот кандидат за премиер на Бугарија. Бугарски медиуми јавија дека најверојатен кандидат на „Има таков народ” за премиер е Петар Илиев. Претседателот на државата Румен Радев објави дека денеска започна постапката за предавање на првиот мандат за формирање влада на Бугарија.

Пендаровски за резолуцијата за „црвените линии” во преговорите со Бугарија, која вчера ја усвои Собранието, не смета дека е штета, туку напротив смета дека ја дефинира нашата позиција и не е воопшто навредлива, каква што е резолуцијата на бугарскиот Парламент.

Собранието вчера ја усвои Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции, поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.  Резолуцијата во Собранието беше изгласана со 95 гласови „за”, а еден беше воздржан. Претходно, пратениците го поддржаа амандманот поднесен од група пратеници во Резолуцијата да се внесе уставното име на државата, Република Северна Македонија.

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека разговорите со Бугарија за изнаоѓање решение за отворените прашања и надминување на ветото за ЕУ ќе продолжат веднаш откако ќе се формира влада во Софија по предвремените избори во земјата одржани претходно овој месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот