Пендаровски: Во недела со гласот за број 3 сигурно одиме во Европа и ставаме крај на „груевизмот”

Кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски денеска се сретна со рудари и жители од Македонска Каменица, по што замина на трибина со граѓани во Кочани.
И од Македонска Каменица и од Кочани Пендаровски порача дека заокружувањето на бројот 3 во недела ќе значи подобра перспектива за сите, сигурно одење во Европа, продолжување на реформите и заедничкиот пат кон напредокот, развојот и интеграцијата во НАТО, но и ставање крај на „груевизмот”.
-На гласачкото ливче само формално го пишува името на Гордана Силјановска-Давкова. Доколку се гласа за неа, се гласа за враќање на груевизмот. Во недела со гласот за број 3 сигурно одиме во Европа и вие ставате печат груевизмот веќе никогаш да не се врати. Груевизмот беше поразен на парламентарните избори во 2016, на локалните во 2017 година, и доколку и сега биде поразен на претседателските избори дефинитивно никогаш нема да има груевизам. Со глас за број 3 дефинитивно ќе имаме претседател, кој ќе го слуша гласот на народот, а не на елитите. Дел сум од народот, и секогаш ќе бидам, рече Пендаровски.

Ако биде избран на функцијата, рече дека граѓаните кончено, по десет години ќе добијат претседател од кој нема да се срамат.

-Ќе бидам претседател кој ќе знае позитивните политики да ги пофали и поддржи, тоа што не чини да го врати назад, да се доработи. Она што е во интерес на граѓаните да го поддржи, а она што во интерес на една фамилија или потесен круг луѓе да не добие поддршка. Мојата прва задача ќе биде она што го бараат граѓаните да им се даде, а не тоа што го бара партијата на власт, напомена Пендаровски.

На трибината во Кочани пред граѓаните се обрати и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој се заблагодари на одличниот одзив токму на празникот на трудот.

-Дајте ја поддршката за Пендаровски во вториот круг за да може трудот на секој работник да биде вреднуван, за да го спречиме врќањето назад во минатото, во времето на кавги и поделби. Нема да правиме калкулации за нашите функции и политички позиции, затоа што државата е во прашање, а конечно добиваме нешто што го чекавме 14 години. Во јуни отвораме ново поглавје во приближувањето кон ЕУ што ќе отвори нови перспективи за младите, за вработените, за влез на нови инвестиции, свеж капитал и нова финансиска поддршка од европските фондови, истакна Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот